Предлог локација за зимски одмор која пријатно ќе ве изненади

Не мора да патувате многу далеку, ниту надвор од земјава за да имате идиличен зимски одмор. Доволно е само да се решите дека следните неколку дена не сакате да дишете загаден воздух, да ги спакувате куферите и да тргнете на пат.

На околу 140 км од Скопје над Радовиш се наоѓа хотелскиот спа комплекс БЕЛ КАМЕН, кој покрај целата магија на Пљачковица Ви нуди планински луксуз, традиционална храна и уживање со добри вина во посебна атмосфера покрај камин.

Планината Плачковица изобилува со природни убавини и зимски пејзажи од кои застанува здивот, а х. БЕЛ КАМЕН е тука да ги разгали сите сетила, дури и на оние најзахтевните. Обиколен со богата густа букова и борова шума на надморска висина од 1450 м. Овој дел од земјата го карактеризира исклучително чист воздух, природни убавини, прекрасни печачки и велосипедски патеки во длабока шума, флора и фауна кои можат да се сретнат само во оваа околина.

Густите планински шуми и високата концентрација на кислород, се причина многу посетители да доаѓаат не само „да ги наполнат батериите“ туку и за рехабилитација. Многу веројатно овој период од годината да има и снег, што дополнително ја збогатува зимската идила.

За сите оние кои сакаат да уживаат х. Бел камен нуди гостопримство и лепеза на гастрономски специјалитети инспирирани од локалното национално богатство на македонската кујна, со посебен акцент на користење на производи од органско потекло. Содржи и прекрасен СПА центар со џакузи, парна бања, финска сауна, како и фитнес центар и обележани патеки низ планината Плачковица. Ништо поубаво од неколку часовно шетање во природа на чист воздух, а потоа уживање со Спа центарот.


Хотелот „Бел камен“ ве очекува да ја реализирате вашата совршена зимска авантура! Информации и резервации на 076/247-670 & info@hotelbelkamen.com.mk

Translate »