Сауна и Џакузи во домот: Одлична инвестиција за опуштање и подобро здравје!

Интензивните активности и стресот, не’ приморуваат да размислуваме за наоѓање “вентил”, за одмор, време за себе, за релаксирање. Потрагата по место каде „се полнат батериите“, каде ќе се опуштиме и ќе заборавиме на стресот, може да заврши токму во нашиот дом.

Aко во него инвестираме и инсталираме сауна или џакузи- најмодерни хидро-масажни кади, можеме да создадеме дополнителна вредност за домот.

Прва асоцијација за сауни, СПА и џакузи во Македонија е компанијата Пирин Експорт, веќе докажана на ова поле,  која сега нуди и премиум хидро-масажни кади од најновата генерација.

Техничко-технолошки напредни, со врвен дизајн и бројни функционалности овие хидро масажни кади, за разлика од конвенционалните кои се за 4-5 лица, се нудат во опции дури и за до 8 лица, што е уникатен бенефит за оние со потреба за поголеми кади. Вклучуваат голем број на млазници, интегриран Bluetooth звучен систем, Wi-Fi управување, LED.

Нема ништо подобро од смирувачка хидро масажа додека ја слушате вашата омилена музика, радио станица или подкаст или дури и книга, додека сте поврзани преку вашиот телефон со Bluetooth уредот вграден во топлите кади.

Притоа, ова се единствени кади на пазарот сo два до три моќни мотори.

Во услови кога сме се помалку физички активни, кога имаме се повеќе обврски и стресови, сауната и џакузито во домот може да бидат вистински избор за детокс и одржување на здраво тело и дух.

Се повеќе луѓе кај нас се одлучуваат за сауна и џакузи во својот стан/куќа. За повеќе инфо и консултации околу Вашиот домашен спа проект контактирајте на 071 268-474  / 070 393-898 info@pirinexport.com.mk

Translate »