Јелена Жугиќ и Михајло Маневски имаат добитни позиции во Град-Скопје
Актерката Јелена Жугиќ се најде на добитната седма позиција и ќе биде идниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, дознава А1 он.
Екс министерот за правда 80-годишниот пензионер Михајло Маневски и наредните 4 години ќе зема советнички додаток. Тој е четврти на листата на ВМРО-ДПМНЕ.
Листата ја предводи генералниот секретар Христијан Мицковски, а на трето место е долгогодишниот претседател на Советот, Ирена Мишева.
На високото петто место е Јован Лазаров од Социјалистичката партија.
Партиски извори за А1он велат дека врие во општинските комитети. Големо било незадоволството кај многумина за кои немало место на советничките листи.
По губењето на централната власт, многумина очекуваа да бидат сместени на локално ниво. Неофицијално, оставки имало на претседататели на 17 Општински комитети. Дел од претседателите не сакале да ги потпишат листите, а по големите превирања се правеле обиди за смирување на страстите.
Најдраматично било во општина Центар каде е и најголемото незадоволство. Таму носител на листата е Зоран Поповски, втор е Томислав Лазаров, па следуваат Јулијана Димовска, Сергеј Попов, Васко Робовалиев, Јована Мирчевска, Билјана Петрушева од Коалиција, Алберт Адемов, Елена Петковска, Јордан Ристески, Татјана Митева.
Носител на листата во Аеродром повторно е Виктор Камиловски.