Ме силуваа оти сум левичар
“Ме нападнаа со нож и ме силуваа”, напиша на својот фејсбук профил Швеѓанецот Патрик Лилјеглод, опишувајќи ги деталите на на нападот за кој вели дека е политички мотивиран. ”Брутално ме нападнаа, ми рекоа дека сум предавник, дека сум левичар и дека луѓето како мене сакаат да ги силуваат,вели членот на Партијата на левицата, кој е еден од лидерите на движењето во шведскиот град Фалун.
Полицијата потврди дека го истражува случајот, но засега никој не е уапсен.
Неговите сопартијци му честитаа на храброста и искреноста, а тој најави дека ова нема да го заплаши и да го поколеба во неговите убедувања, туку напротив , ќе ги направи пожестоки.