ВИДЕО | Обожавателка му се „фрли“ на Енрике Иглесијас: Обожавателите со поделени реакции
Енрике Иглесијас e познат по својата интимна врска со женската публика, но на многумина им се чини дека овојпат ситуацијата малку излегла од контрола.
Имено, 47-годишниот пејач на својот инстаграм-профил објави видео на кое една обожавателка прво бакнува во образ додека таа ги снима, а потоа и во уста. Ова се случило минатиот петок за време на неговата претконцертна средба со обожавателите во Лас Вегас, САД.
Сепак, овој пат дури и Енрике бил видно затечен. На видеото се гледа дека откако пејачот среќно се согласи да направи селфи со обожавателката и ја бакна во образ, таа го фати и почна да го бакнува во уста како да нема утре. Тој се обиде да ја оттурне и успеа неколку секунди подоцна додека неговиот телохранител гледал со видлива непријатност на лицето.
Реакциите на видеото кое го сподели Иглесијас се различни
„Дали твојата сопруга Ана ќе се вознемири?“, „Како Ана го поднесува ова?“, „О Боже, жено. Тој е зафатен“, „Збунета сум. Дали Ана е океј со ова? Јас не би била“, „Ова е толку непримерно од оваа обожавателка и од тебе што сте ѝ дозволиле да го направи тоа. Вашата сопруга сигурно нема да биде среќна“, беа дел од коментарите.

