Како го спасив мојот одмор со патничко осигурување!
Овој јуни, заедно со мојот сопруг се решивме да го искористиме стариот одмор и заедно со децата да заминеме на одмор во Грција. Сѐ беше совршено, од плажите со бел песок до топлото море, температурата идеална, немаше гужва! Но, вториот ден од нашиот одмор се претвори во кошмар кога син ми ненадејно нагази на морски еж.
Бидејќи болката беше голема а нозете му беа покриени со мали, остри боцки сите се загриживме и не знаевме како ќе се одвива нашиот одмор понатаму. Сепак, веднаш се сетивме на нашата полиса за патничко осигурување, која предвидуваше покривање на медицинските трошоци во странство.
Отидовме во најблиската медицинска установа, го покажавме патиничкото осигуирување, и веднаш бевме примени, а син ми доби одлична нега. Докторите брзо и ефикасно му пружија соодветна терапија и лекови за да се спречи инфекција. Бевеме среќни што се заврши брзо, и на наша среќа добро по здравјето на син ми. Поволно за нас беше што целата нега беше покриена од нашето осигурување, без да мораме да се грижиме за трошоците.
Благодарение на осигурувањето, син ми брзо се опорави и можеше да го продолжи одморот без никакви проблеми. Тој не само што беше во добра здравствена состојба, туку и останатите денови од одморот ги поминавме уживајќи во сите убавини што ги нуди оваа интересна земја и нашето летување.
Патничкото осигурување може да биде склучено за минимум три дена и максимум една година.
Одморени и безгрижни го истраживме секое ќоше а оваа случка ни покажа колку е важно да имаме патничко осигурување. Не само што ни заштеди пари, туку и ни овозможи да го продолжиме нашиот одмор со мирна глава, знаејќи дека сме заштитени од непредвидени ситуации. Токму заради патничкото осигурување нашиот одмор си беше токму како што го замислувавме.