Невреме во Европа и на Балканот

 

Невреме какво не се памети во последниве 40 години  ја зафати Србија. Ветрот и дождот направија хаос во Војводина, а во попладневните часови и во Белград.  Соборени дрва, изместени семафори и  паднати бандери – ова е сликакоја зад себе ја остави орканскиот ветар.

Силно невреме ја зафати и централна Европа, има и неколку жртви.

Ветрот  предизвикал прекин во сообраќајот на неколку железнички линии и патишта во Чешка и во Полска.

Во Австрија поради големото невреме е откажана трката во слалом во рамки на машкиот Светски куп, додека во Германија се поплавени  делови на Хамбург.

Германската железница е во прекин во  градовите: Бремен, Хамбург, Берлин, Дрезден и Лајпциг.

Поради невремето, властите на Берлин утрово прогласија вонредна состојба во градот  поради ударот на бурата Херварт.

Translate »