Големи протести во Барселона за унитарност
Стотици илјади луѓе излегоа на улиците на Барселона, барајќи Каталонија да остане во рамките на Шпанија.
Демонстрантите извикуваа пароли : ” Барселона е Шпанија, ние сме Шпанци!” , а бараа да се уапси сменетиот каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон.
Мадрид во саботата воведе принудна управа во Каталонија. Претходно каталонскиот парламент прогласи независност.
Нови регионални избори се закажани за 21 декември, а во меѓувреме шпанскиот премиер Рахој ја ополномошти својата заменичка Сораја Саенц де Сантамариа да ги преземе задачите во регионот.