Осигурајте го домот: Топлото време е совршено за релаксација, но малку невнимание треба за пожар!

Летото носи многу радости, но и потенцијални опасности. Иако топлото време е совршено за релаксација, опуштеност и одмор сепак е најопасниот период кога станува збор за избувнување на пожари.

Па така се повеќе слушаме за настанати летните пожари кои често се предизвикани од најобични активности што лесно може да се избегнат. Обични секојдневни активности се покажало дека се директна причина за несакан пожар. Оставање вклучени апарати. Пеглите и шпоретите се број еден кога станува збор за сериозна опасност, особено летно време. Овие апарати може лесно да предизвикаат пожар ако се оставени без надзор. Според статистиката заборавените апарати се одговорни за значителен процент на домашни пожари секоја година.

Следни се секако вклучените електрични уреди. На овие горештини често пати полначите, клима-уредите и вентилаторите оставени да работат долго време без надзор може да се прегреат и да предизвикаат пожар. Електричните пожари се едни од најопасните бидејќи многу брзо се шират.

Скара, цигари и отворен оган. Отпушок од цигара оставен на сонце, недоизгаснат пикавец фрлен во кеса за ѓубре или фрлен на сува трева може да предизвика голема опасност, како по домот, дворот на куќата па дури и за комплетната област во која се живее. Романтичните миризливи свеќички исто така со мало невнимание може да предизвикаат сериозни штети. Скарата пак е летно уживање и ваков отворен оган може да доведе до еден од најсериозните пожари не само за домот туку и за околните објекти.

Сите овие ризици, особено во летните месеци може да се намалат со осигурување на домот. Полисата обезбедува финансиска заштита и помага да се покријат трошоците за поправка или обнова. Осигурувањето дава смиреност и заштита од непредвидени неволји. Во првите пет месеци на 2024 година осигурувањето на имот има значителен раст, што укажува на зголемена свест меѓу луѓето. Повеќето граѓани, еден ваков чекор го доживуваат како инвестиција во сигурноста и стабилноста на своето семејство.

Translate »