Овие намирници го поттикнуваат лачењето на „хормонот на спиењето“ и обезбедуваат добар и здрав сон
Добриот сон е секогаш потребен, а многумина луѓе кога не можат да заспијат бараат некаков вид на како што е мелатонинот, хормонот којшто го нарекуваат и „хормон на спиењето“.
Меѓутоа со оглед на тоа дека мелатонинот е хормон, луѓето повеќе се одлучуваат за природни средства коишто обезбедуваат подобар сон. Одредени намирници богати се со супстанции коишто го поттикнуваат сонот, како што се триптофан, магнезиум и мелатонинот, а консумирањето на оваа храна може да помогне луѓето подобро да спијат на начин што природно ќе го зголемат нивото на мелатонин во телото.
Млеко
Чаша топло млеко е добро познат и вообичаен лек за спиење, бидејќи млекото е еден од најдобрите извори на мелатонин во исхраната. Тоа исто така содржи аминокиселина – триптофан, којашто ја зголемува концентрацијата на мелатонин и серотонин и помагаат луѓето побрзо да заспијат.
Ф’стаци
Многу јаткасти плодови како што се индиските ореви и бадемите содржат мелатонин, но ф’стаците имаат најголем процент на мелатонин. Тие се богати и со витамин Б6, којшто помага триптофанот да се претвори во мелатонин. Исто така ф’стаците се одличен извор на влакна, антиоксиданти, омега – 3 масни киселини, коишто се доведуваат во врска со подобар квалитет на сонот.
Мрсни риби
Мрсните риби како што се лососот и туната, не се само богати со мелатонин, туку и со витамин Б6, омега – 3 масни киселини, магнезиум и витамин Д, сè она што е важно за регулирање на серотонинот, за здрав, добар сон како и подобро функционирање на човекот во текот на целиот ден.
Пченка
Без оглед на тоа дали се работи за печена или варена пченка, и двете содржат многу мелатонин. Но, пченката исто така содржи и триптофан, којшто го поттикнува сонот, како и витамин Ц, антиоксиданти, магнезиум и влакна.
Izvor: Tocka.com.mk