Форбс ја објави листата на најбогатите луѓe за 2018, Гејтс падна на второто место

Најбогатиот човек на светот, според Форбс, е основачот на Амазон, Џеф Безос.  Тој го удвоил своето богатство во текот на минатата година, така што  неговото богатство изнесува над 120 милијарди долари.

Безос, најбогатиот човек на светот

На второ место е Бил Гејтс, основачот и сопственикот на Микрософт, со 90 милијарди долари.

На трето место  е легендарниот инвеститор Ворен Бафет, а на четврто место се искачи  францускиот индистријалец Бернард Арно, кој минатата година беше на 11 позиција, благодарение на растот на еврото во однос на доларот.

Основачот и сосптвеникот на фејсбук Цукерберг е на петто место. Меѓу 20 -те најбогати се и двајца Кинези .

Годинава Форбс бележи рекордни 2 208 милијардери ширум светот,  со вкупно богатство од 9,1 трилиони долари, што е за 18 проценти повеќе во однос на минатата година.

Најмногу ги има во САД- 585, Кина- 373, a 259  се нови милијардери , додека 120 лица се тргнати од листата, вклучувајќи 10 саудиски богаташи.

 

 

 

 

 

 

Translate »