Фестивал на симит и погача во срцето на Скопје
Центарци со хуманитарен базар и традиционалната скопска симит погача го прославија 13 Ноември. На штандовите пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало се продаваа домашни погачи и кифлички подготвени од пензионерките на Општина Центар, како и специјалитети од локалните пекари и слаткарници.

Средствата собрани од базарот се наменети за Универзитетската клиника за детски болести, а храната што не е продадена е донирана на „Ретвитни оброк“, иницијатива за поддршка на бездомниците и социјално загрозените лица.
Градоначалникот Герасимовски честитајќи го Денот на ослободување на Скопје, потсети на херојските подвизи на партизаните.
„Токму овде, во Дебар Маало кај некогашната учителска школа, се водеа најжестоките битки за слободата во која денес живееме. Да се поклониме пред храброста на нашите борци и да ги поттикнеме младите достојно да го чуваат наследеното и да го негуваат слободарскиот карактер на нашето Скопје“, порача Герасимовски.


