Првомајски пикник без отпад!

Први мај секогаш мириса на скара, слобода и зеленило. Тревата си ја претвораме во чаршав, небото и денот се бескрајни. Најчесто, тоа е ден без агенда, без точен почеток и без правила. Се собираме со пријателите, со семејството, се слуша музика, се прави скара, се јаде и се ужива. Тоа е ден кога народот излегува надвор за да си земе здив.Но во последните години, првомајските пикници сè почесто мирисаат и на нешто друго. Остатоци. Пластични чаши изгмечени на тревницита, под дрвјата. Ќеси што летаат како заборавени знамиња меѓу крошните. Амбалажи од грицки, лименки, фолија, салфетки. Иронијата е болна: славиме труд, а зад нас оставаме неред. И не е дека не знаеме туку знаеме дека не треба. Знаеме и каде е најблискиот контејнер. Знаеме и дека е лесно да се понесе една кеса за отпад.

Но, не го правиме тоа или го правиме ретко. Пикникот не завршува кога ќе си заминеме туку кога ќе ја погледнеме тревата зад себе Природата не бара многу од нас. Бара тишина, почит и барем една вреќа за селекција. Бара да знаеме дека празното шише не се топи во земјата, дека пластиката не исчезнува до утре, и дека отпадот не е „нешто што ќе го среди некој друг“. Бидејќи нема „некој друг“. Има само ние. Еден ден без отпад не е невозможен.

Ако секој пикник го завршуваш со полна кеса селектиран отпад и го менуваш светот. Ако твоите деца видат дека тоа е „нормално“ и тие ќе се однесуваат така. Не е тешко. Не се бара да измислиме нова наука. Се бара само да не ја изневериме природата.

Секоја конзерва може да заврши во жолт контејнер. Секое пластично шише и лименка можат да завршат во Повратните вендинг машини кои ги поставува Пакомак и да му донесат на оној кој ги одложува дополнителна вредност преку „зелените поени“. Секое стаклено шише може да заврши во зелен контејнер. А хартијата во синиот. Се работи за навика. И токму тие контејнери, поставени на вистинските места благодарение на системи како оној што го воспостави Пакомак, ни покажуваат дека одговорноста е веќе возможна. Само треба да ја одбереме. Оваа година имаме шанса да направиме нешто ново.

Да се понесе скара, понеси ќебе и друштво.

Но да се понесе и ќеса. И да не се остави празна.

Да не оставаме вакви слики!

Translate »