Рушиме митови за женското здравје со гинекологот д-р Ивана Наков!

Женското тело е вистинско чудо! Моќно, паметно и секогаш во движење- се менува, се прилагодува, комуницира – и ако го слушнете внимателно, ќе ви каже сè што треба да знаете за вашето здравје. Но сепак, многу девојки и жени растат без да ги знаат дури и најосновните работи за своето тело. Не затоа што не се заинтересирани, туку затоа што никој не им ги кажал!

Во морето од митови за женското тело, dm и гинекологот Д-р Ивана Наков ги откриваат фактите што секоја жена треба да ги знае – отворено, стручно и без табуа.

https://www.instagram.com/p/DMXZ84rs-KZ/embed/?cr=1&v=14&wp=630&rd=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com&rp=%2Fnovosti%2Fpromo%2F118599-rushime-mitovi-za-zhenskoto-zdravje-so-ginekologot-d-r-ivana-nakov#%7B%22ci%22%3A0%2C%22os%22%3A1944.800000000745%2C%22ls%22%3A1126.6000000005588%2C%22le%22%3A1432.5%7D

Дали сте знаеле дека матката е еден од најмоќните и најиздржливи органи во телото- орган што постојано се трансформира, обновува и прилагодува секој месец?  Или дека вагиналниот исцедок е сосема природен показател на  здравје, баланс и хормонална функција- а не нешто срамно?

Женското тело зборува, но премногу долго e замолчувано од стигми и митови. Вашето тело има свој женски ритам, своја приказна и свој глас – само треба да го слушнете. Време е да се скршат предрасудите: бидете љубопитни, храбри и гласни. Бидете дел од генерацијата жени што е информирана, прашува и зборува. Затоа што вашето тело е сила, а секоја жена заслужува да ја познава и разбира својата физиологија – без срам, со гордост. И да – со секој факт што го учиме, стануваме посилни, послободни и посигурни во себе.

Translate »