Ќулавкова: Нападите за јазикот доаѓаат од политичари а не од лингвисти

Најважната работа во Договорот од Преспа е признавањето на Македонскиот јазик, смета академик Катица Ќулакова. Нападите од бугарските и грчките политичари кои го негираат неговото  постоење, Ќулавкова за Канал 5, ги отфрла како целосно неосновани.

Нападите што доаѓаат од бугарските и грчките политичари за Преспанскиот договор  на сметка на македонскиот јазик дека е наводно е вештачка творба  доаѓаат само од лица кои се занимаваат со политика, а не од луѓе кои ја познаваат лингвистиката вели за Канал5  академик Катица Ќулавкова. Таа потсети дека македонскиот јазик е признаен во лингвистиката и се наоѓа на  европскиот атлас, проблем во минатото бил недостатокот на државни институции кои требало да го кодифицираат.

Таа вели дека ретко кое општество е монолитно, она население кое живее во пограничните предели користи јазик кој трпи влијание , и тоа двонасочно.

На прашањето дали со Пресапанскиот договор се заштитува македонскиот јазик , таа вели дека сепак е признавање на јазикот .

Ќулавкова напомена дека македонскиот јазик се развивал врз основа на страословенската матрица и   како и другите јазици точно се знаат вековите кога се издвојува од другите Јужнословенски јазици, при тоа спомнувајќи ги и Пулевски и Мисирков како автори на  првите граматики .

Translate »