Како до вкусен органски оброк за само 300 денари?

Секојдневно да се јаде вкусна храна и истовремено да се задржи креативноста и иновативноста во кујната претставува предизвик на секое модерно домаќинство. Клучот се крие во едноставноста. Затоа нашиот предлог за вашето утрешно мени е целосно органски оброк направен од црвена леќа и фалафел кои можете да ги најдете во dm drogerie markt за помалку од 300 денари, а  кој ќе ги задоволи апетитите дури и на најголемите сладокусци.

За подготовка на овој рецепт ќе ви биде потребно помалку од половина час, а откако ќе го пробате крајниот резултат, ова ќе ви стане еден од вашите омилени оброци. Предлагаме да употребите црвена леќа, поради нејзиното високо количество на протеини и растителни влакна, значајни за добро функционирање на организмот и внатрешното здравје.

Црвената леќа и смесата за фалафел можете да ги најдете во најблиската дрогерија на dm, по неверојатно достапна цена благодарение на ценовниот концепт Секогаш Поволно, кој гарантира дека цената останува непроменета на долг рок. Така на пример, цената на црвената леќа е 125 денари, а цената на смесата за фалафел е 115 денари и истата не е променета од 01.11.2024.  А сега, да се фатиме за работа!

Состојки:

1 морков

1 лажица масло

½ главица свеж кромид

1 чешне лук

250 гр црвена леќа dmBio

1 лажица мешан зачин

1 лажица црвен пипер

3 ловорови листови

1,5 литар вода

Сол и мелен пипер по избор

Подготовка:

Морковот исечкајте го на мали коцки, ставете го во тенџере со загреано масло и пропржете го 2-3 минути. Потоа додадете ги лукот и кромидот и продолжете со пржење уште 2 минути. Ако користите свеж зеленчук, пржете подолго време. Во тенџерето додајте 1 чаша вода и оставете да се вари околу 5 минути.

Измијте ја леќата со вода и додајте ја во тенџерето. Додадете го остатокот од водата, покријте го тенџерето со капак и оставете ја леќата да се вари околу 10-на минути, додека да омекне. Потоа зачинете ја по ваш вкус со сол, црвен пипер и ловоров лист, тргнете ја од оган и оставете ја покриена барем 10-на минути за да се соединат вкусовите.

Додека чекате леќата да се олади, отворете го пакувањето со смеса за фалафел од dm drogerie markt и едноставно следете ги упатствата за готвење напишани на самата амбалажа. Лесно и брзо, како 1-2-3. За нешто помалку од 300 денари и нешто повеќе од половина час, ќе имате неодоливо вкусен оброк без грижа на совест – бидејќи сите негови состојки се проверено здрави и корисни.

Пријатен апетит!

Translate »