Највкусниот лосос не е во Скандинавија, туку во Скопје!

Обожавател сум на морска храна, а кога имам можност да бирам – тоа е лосос. Го сакам свеж! Често патувам во странство, па дури и на далечни дестинации, и секогаш кога седнувам во ресторан – неизбежно нарачувам свеж лосос. Едноставно уживам во неговиот вкус. За мене, тоа е најубавата и највкусната морска риба на светот.

Во Скопје сум јадел лосос во најмалку десетина ресторани, но како што го подготвуваат во рестораните Сидро, тој вкус и таа свежина не може да се споредат со ниту едно друго место.

Само што се вратив од Стокхолм, каде што јадев лосос во еден пристоен ресторан, и слободно можам да кажам дека токму во скопските Сидро го подготвуваат највкусниот лосос на светот. Нешто таму погодуваат! Дали е до готвачот, до амбиентот, до самиот производ – не знам. Но едно знам: едвај чекам повторно да дојдам со моето семејство и едноставно да уживам.“ изјави  Васко, 45-годишен експерт за туризам, човек со големо искуство, кој го има пропатувано целиот свет.

Кога искуството и патувањата зборуваат, вреди да се слуша. Очигледно е дека зад вкусот на храната во ресторани Сидро стои нешто повеќе од добра риба – тоа е комбинација на свежина, вештина и љубов кон храната, што го прави овој ресторан вистинска гастрономска дестинација во срцето на Скопје.

Translate »