КАРАЏОВСКИ: ОВА „ЧУДО“ ОД КОРОНА ЌЕ ТРАЕ И ДО СЛЕДНАТА КАЛЕНДАРСКА ГОДИНА
Ова „чудо“, корона – кризата која не зафати на почетокот на годината ќе трае и до следната календарска година, изјави претседателот на Комисијата за зарзни болести Жарко Караџовски во вечерашното гостување на МРТ
-Треба да бидеме подготвени за превентива, а не за вакцина. Кога ќе дојде вакцината, таа е добредојдена и државата ќе си го направи своето и ќе набави количина која ќе биде достапна во тој момент. Здравствените власти се постојано во преговори со СЗО за, секоја држава да добие одредена количина од оваа вакцина и во крајна линија тоа да биде фер, а не најголемите држави да ги купат сите дози а помалите држави, особено тие што немаат финансии да останат без дози.Да се надеваме дека следната календарска година ова време ќе имаме на видик некаква вакцина“, изјави Караџовски.