Заев-Двајца членови на владата се под истрага за корупција
Премиерот Зоран Заев на Самитот „Македонија 2025“ рече дека двајца членови на владата која тој ја предводи се под истрага за корупција. Тој додаде дека истрагите се водат врз основа на пријави од граѓани.
Заев додаде дека активно се борат против корупцијата и дека тоа прашање е многу важно во правец на привлекување на инвестиции.
„ Тука се само два месеца и веќе се под истрага. Други детали не можам да кажам. Наш приоритет е во Македонија да не се појавуваат грешките од минатото, пред сѐ корупцијата. Законот мора да важи за сите. Само така може да се овозможат нови инвестиции“, рече Заев .