5 заблуди за креатинот што науката ги побива

Во време кога медиумите и социјалните мрежи се преплавени со фитнес совети и „брзи решенија“, поврзани со одредени суплементи, тешко е да се разликува маркетинг од информации кои се научно подкрепени.

Па така предрасуди или неточни информации се пренесуваат и за креатинот, кој е дел од дополнителната исхрана на илјадници спортисти.Токму со цел едукација, но и разбување на одредени митови и заблуди, и тоа со научно потврдени студии, фитнес едукаторот Јован Curly, имаше свое онлајн обраќање во серијалот „НАУЧНИ ФАКТИ, А НЕ МИТОВИ“

https://www.facebook.com/naturatherapy.mk

Според него Creatine Monohydrate е еден од најистражуваните суплементи во спортската нутриција, со стотици научни студии кои ја потврдуваат неговата ефикасност и безбедност, но и покрај тоа  околу него и понатаму кружат бројни митови.

Кои се најчестите заблуди?

  • „Креатинот задржува вода и прави да изгледаш подуено“
  • „Лош е за бубрезите“
  • „Само бодибилдери треба да го користат“
  • „Мора да се прави пауза по неколку месеци“
  • „Не е природен суплемент“

Во видеото, Јован Curly наведува релевантни научни истражувања, со јасно разграничување помеѓу факти и маркетиншки наративи. Наместо сензационализам, фокусот е ставен на докази, практично искуство и реална примена.

Тој истакнува дека креатинот не е резервиран само за професионални спортисти. Напротив, истражувањата покажуваат дека може да биде корисен за:

  • подобрување на сила и експлозивност
  • зголемување на мускулна маса
  • подобрување на перформанси при високоинтензивни активности
  • поддршка на когнитивни функции

Суплементацијата со креатин ја зголемува способноста на телото брзо да произведува енергија. Ова не значи дека креатинот ќе ве разбуди како на пример кафето. Тој овозможува поголема издржливост на мускулите и поголема сила кога се во употреба.

Со оглед на тоа што станува збор за еден од најдостапните и најисплатливи суплементи на пазарот, точните информации се клучни за секој што тренира рекреативно или професионално. Видеото нуди кратка, директна и аргументирана анализа, наменета за сите кои веќе користат креатин или размислуваат да започнат.

Во ера на дезинформации, проверените научни факти се поважни од кога било.

Translate »