Сокол Митревски и уште 5- мина се приведени
Поранешниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, заедно со уште неколку други лица, утринава е приведен за злоупотреба на службената положба и овластувањата, дознава МИА од полициски извори.
Дали полициската акција ќе се прошири во текот на денот, останува на МВР. Засега нема информации кои се другите лица кои се уапсени, дали ќе бидат приведени и пуштени или ќе се задржат во полициската станица.
Според првичните сознанија, што беа споделени во одреднеи медиуми, Митровски е уапсен за незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под концесија на земјиште.
Митровски беше градоначалник на општина Ѓорче Петров од 2005 до 2017 година.
Веста за апсењата се уште се проверува во Основното јавно обвинителство Скопје.