Ново истражување: Витаминот Ц може да го забави стареењето на мозокот
Витаминот Ц, познат како еден од најважните сојузници на имунолошкиот систем, би можел да има значајна улога и во зачувувањето на здравјето на мозокот и забавувањето на неговото стареење, покажува ново истражување објавено во научното списание PLOS One.
Во рамки на студијата, истражувачите анализирале примероци од крв и снимки од магнетна резонанца кај 2.044 постари лица. Резултатите покажале дека испитаниците со повисоки нивоа на витамин Ц во крвта имале поздрав изглед на мозокот, поголем волумен на сивата маса и подобра поврзаност во клучните мозочни мрежи.

„Губењето на сивата маса со текот на годините се поврзува со стареењето, зголемен ризик од мозочен удар, депресија и заболувања како Алцхајмеровата болест“, објаснуваат експертите.
Истражувањето покажало и дека повисоките нивоа на витамин Ц се поврзани со подобра поврзаност во таканаречената „мрежа на стандарден режим на работа“ на мозокот, која има важна улога во обработката на сеќавањата и регулирањето на емоциите.
Иако научниците нагласуваат дека студијата покажува поврзаност, а не директна причинско-последична врска, тие посочуваат дека витаминот Ц е клучен антиоксиданс кој ги штити мозочните клетки од оштетувања предизвикани од секојдневните метаболички процеси.
Експертите истакнуваат дека најдобар начин за внесување на витаминот Ц е преку разновидна и избалансирана исхрана, богата со овошје и зеленчук, но тоа е тешко во услови кога е осиромашена и загадена почвата, и модерното земјоделско производство употребува премногу вештачки додатоци. Тоа не значи исклучување од исхраната на овошје и зеленчук, но и дека повеќе од неопходни се додатоците во исхраната. Македонската компанија Натура Терапи нуди на пазарот Витамин Ц произведен по германски стандарди.
Покрај правилната исхрана, лекарите препорачуваат и редовна физичка активност, квалитетен сон, намалување на стресот и одржување на нормален крвен притисок како важни фактори за долгорочно зачувување на здравјето на мозокот.

