Совет од нутриционистот Дрвошански: Магнезиум бисглицинат за подобра релаксација и квалитетен сон

Во последниве години, стресот, брзиот начин на живот и недоволниот одмор стануваат сè почести причини за замор, мускулна напнатост и нарушен сон. Според стручњаците, покрај здравата исхрана и физичката активност, важна улога има и внесот на доволни количини магнезиум, минерал кој учествува во повеќе од 300 биохемиски процеси во организмот.

„Магнезиумот придонесува за нормална функција на нервниот систем и мускулите, како и за намалување на заморот и исцрпеноста. Неговото оптимално ниво е важно за секојдневното функционирање на организмот“, објаснува нутриционистот Сашко Дрвошански.

Недоволниот внес на магнезиум може да биде поврзан со мускулна напнатост, чувство на замор и потешкотии со релаксацијата. Иако разновидната и балансирана исхрана останува основа за добро здравје, кај одредени лица може да постои потреба од дополнителен внес преку суплементи, особено кога препорачаниот дневен внес не се обезбедува преку исхраната.

Според нутриционистите, не сите форми на магнезиум имаат еднаква искористливост. Магнезиум бисглицинатот е органска, хелатна форма во која магнезиумот е врзан со аминокиселината глицин. Оваа форма е позната по добрата апсорпција и по тоа што генерално е понежна за дигестивниот систем во споредба со некои други форми на магнезиум.

Компанијата Natura Therapy на македонскиот пазар го нуди Магнезиум Бисглицинат 400 mg, произведен според високи стандарди за квалитет. Производот содржи 120 таблети и е наменет за лица кои сакаат да го поддржат нормалното функционирање на нервниот систем и мускулите, како и квалитетниот одмор.

Покрај употребата на соодветни додатоци во исхраната, стручњаците советуваат редовна физичка активност, разновидна исхрана, доволен внес на течности и квалитетен сон како клучни фактори за зачувување на добрата психофизичка состојба.

Translate »