Што открива фејсбук профилната слика за вас?
Феноменот на социјалните мрежи е интересен за психолозите. Направена е и посебна анализа за тоа како луѓето се претставуваат на своите фејсбук- страници и на што укажуваат сликите кои ги бираат за да ги илустрираат профилите. Студија открива интересни факти. Според тоа какви слики постирате на вашите профили, може многу лесно да се открие каква личност сте, а можеби токму тоа е и целта на фејсбукот.
Личности кои се отворени најчесто ставаат слики со висока естетика. Фотографиите се чисти, фокусирани, со одличен контраст, речиси без каква било заматување. Отворените личности имаат тенденција самите да не се ставаат на профилната слика, така што често имаме пејсажи на нивната фб страна.
Совесни личности – тие најчесто ставаат слики во светли, природни бои. Тие сакаат ред и детали, но и покрај тоа нивните профилни можат да бидат заматени . Редот и пораката на сликата им е многу поважна од естетскиот момент.
Екстроверти -ќе ги препознаете по светлите слики и светлите бои. Често ставаат профилна во која има многу луѓе, блиски, пријатели и роднини. Можете на сликата да видите и сцена од некоја добра журка на која тие , се разбира, биле главни.
Сочувтсвителни – не им е важна ниту естетиката ниту дали сликата е чиста или матна. Профилната е речиси секогаш во силни бои а на неа е ставена нивната лична фотографија.
Неуротици – ќе ги препознаете по тенденцијата на профилната во прв план да го стават своето лице, при тоа лицето опфаќа наголем дел од сликата. ФБ сликата им е сиромашна со бои и е многу едноставна. Понекогаш на сликата може да стават и некое сосем друго лице.