Мугабе е сменет од лидерската позиција, во Зимбабве се празнува
Еуфорија и танц донесе оставката на Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе кој е е сменет од лидерската позиција на владеачката партија, а партијата му даде рок до утре напладне да поднесе оставка на позицијата шеф на државата.
Ако сам не поднесе оставка, парламентот во вторник ќе почне процес на отповикување, или импичмент.
За нов шеф на партијата е поставен Емерсон Мангава, кој Мугабе претходно овој месец го смени од местото на потпретседател.
Предлогот тој да биде сменет членовите на Централниот комитет го поздравиле со овации. Министерот за внатрешни работи Оберт Мпофу, изјавил дека одлуката е донесена со „тешко срце“, бидејќи Мугабе и служел на земјата и имал големи достигнувања.
Во обраќањето до ЦК Мпофу нагласил дека Мугабевата сопруга и нејзините блиски соработници ја искористиле неговата состојба за да ги украдат националните ресурси. Грејс Мугабе е исфрлена од партијата.
Парламентот на Зимбабве дефинитивно ќе започне процес на отповикување на Мугабе, соопштил шефот на опозиционата пратеничка група Иносен Гонес.