Астролошка прогноза за 20-ти ноември

Астрологот  Ивелина Рускова – Време е за акција!

Пасивноста на овој ден е непожелна,  па дури и опасна. Пасивната личност на овој ден, најверојатно, ќе доживее пораз и може да добие траума – и физичка и ментална. Овој лунарен ден е оптоварен и со агресивност.  Заштитете се  за да не бидете  во положба на жртвата.  Внатрешната сила на вашиот организам  денеска е многу силна.

ПОЗИТИВНО

Денот ќе биде исклучително поволен и  продуктивен во секоја насока. Од утрото, денот има голем потенцијал и перспектива. Ќе имате задоволство да уживате во позитивен ден, кој подоцна ќе го даде својот плод.
Понеделников  е одличен за различни видови на активности, особено за оние кои бараат точна, прецизна, строга, детална и темелна работа.

Почетокот на неделата ќе биде полн со позитивност ,  оптимизам и енергија.  Можно е да поминете и  прекрасна вечер, во опуштена атмосфера, полна со добро расположение и хумор.

ЗДРАВЈЕ

Внимавајте на  црниот дроб и жолчката .  Не вадете заби.

Ивелина Рускова, астролог
astroiva (at) abv.bg, 0888 899 057

Translate »