Руски шегаџии му телефонирале на американски министер

Американскиот министер за енергетиката, Рик Пери бил измамен од двајца руски шегаџии, кои му се претставиле како премиерот на Украина.
Пери цели 22 минути разговарал по телефон со Владимир Кузњецов и Алексеј Стољаров за Парискиот договор за климата, како и за користењето свински измет како извор на енергија. Целиот разговор е објавен на руската интернет страница „Вести”.
Портпаролката на американското Министерство за енергетика, Шајлин Хајнс ја потврди автентичноста на разговорот и истакна дека руските шегаџии „бираат високи државници и занимливости, кои работат на кауза што не одговара на политиката на нивната Влада“.
– Во конкретниот случај се работи за енергетската безбедност на Украина, изјави Хајнс.
Тандемот шегачии, познати под псевдонимите Вован и Лексус, се пошегувале со Пери само неколку седмици откако тој се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко.
Претходни жртви на Вован и Лексус, меѓу другите, беа и Елтон Џон и американскиот сенатор Џон Меккеј

Translate »