Црни прогнози за Балканот од ЦИА

 

Проекциите на ЦИА велат дека до 2050-та година Србија ќе остане без третина на населението, поточно 33, 2 проценти, веднаш зад неа е Словенија, каде што се прогнозира намалување на бројот на населението за 23,18 додека популацијата во Бугарија ке се намали за 21, 9 насто. Доколку се остварат статистичките прогнози, до 2050-та година во Македонија ќе живеат 4,4 насто помалку луѓе отколку денес, што би значело дека дотогаш ќе исчезне град, со големина на Куманово. Единствено ќе расте населението на Косово, каде се проектира раст од 17 проценти во следните три децении.

Translate »