Интересна сторија за тоа како мафијата се обидела да го спречи снимањето на култниот филм “Кум”
Не сте го гледале култниот филм “Кум” … на кратко, тоа е мафијашки филм од 1972 година, снимен според роман на Марија Пуза, добитник на 3 оскари, филм кој во 2007 година влезе на второто место на листата на најдобри филмови досега снимени, иако многу тврдат дека е заслужено и првото место.
Кум денес е познат како еден од најдобрите филмови на сите времиња. Сепак, малку фалело никогаш да не стигне до кино салите и ТВ екраните – бидејќи вистинскиот “Кум”, Џозеф Коломбо, направи се за да ја прекине продукцијата.
На крајот, продуцентите добиле понуда која не можеле да ја одбијат …
Кум е филмски ремек-дело на режисерот Френсис Форд Копола, кој го формира начинот на кој денес гледаме на мафијата, и дури влијаеше и на тоа како мафијата мисли за себе.
Постојат вистински ФБИ снимки на вистински мафијаши, кои цитираат од збор до збор сцени од Марлон Брандо, како на пример Салваторе Гравано, еден од високо рангираните членови на семејството Гамбино и неговата реченица “Ако имате противници, тоа е и мој противник.”
Но, додека денес Кум го ценат и самите мафијаши, пред да стигне во кино требало да помине доста време.
Во раните 70-ти, движењето под име “Италијанско-американска лига за граѓански права” побара од Парамаунт да го прекине снимањето на филмот. Уморни од гледањето како Холивуд ги прикажува Италијанците, само како насилници и мафијаши, движењето организираше протести низ Њујорк и собра 500.000 долари за да се запре продукцијата. Основано од Џозеф Коломбо, водач на мафијашката фамилија Коломбо, едно од најомразените семејства во Њујорк. Кога Коломбо чул дека се снима Кум, тој одлучил дека никој не треба да го гледа филмот. Можеби бил загрижен поради стереотипите, а можеби не сакаше дополнителна грижа и рефлекторите да бидат насочени кон вистинската мафија.
Продуцентот и директорот на фотографија добивале закани по живот, нивните автомобили биле искршени, имале забрана за снимање во поголемиот дел од Њујорк, дури и дел од глумците биле спречени да се појават на снимање. Канцелариите на Парамаунт два пати биле евакуирани под закана за поставени бомби.
После повеќе непријатни ситуации, Paramount одлучиле да се сретнат со Џозеф Коломбо во Парк Шератон Хотел каде што разговарале за тоа што да се направи понатаму со филмот. За чудо, Коломбо имал само еден услов. Снимањето може да продолжи, но само ако зборот “мафија” не се спомнува во филмот. Продуцентот Ал Руди, знаејќи дека зборот не е клучен за филмот, веднаш го прифатил тој услов.
По средбата, Коломбо почнал да доаѓа на снимање, да разговара со актерите и со тимот, како и со фиктивниот Кум, Марлон Брандо. На крај, дури и успеа еден вистински мафијаш да глуми во филмот. Џани Русоа, кој работел за семејството Костело, ја добил улогата на Карло Ризизија, Дон Корлеоне.
легендарни реплики
Дон Вито Корлеоне: „Ќе му дадам понуда, која нема да може да ја одбие.“
Дон Вито Корлеоне: „Човек кој не минува време со семејството, никогаш нема да биде вистински човек.“
Том Хеген на неговата сопруга: „Ниту еден Сицилијанец не може да одбие какво било барање на денот на свадбата на неговата ќерка.“
Клeменца: „Остави го пиштолот, земи ги канолите.“
Солоцо: „Не го сакам насилството, Том. Јас сум бизнисмен. Крвта е скапа работа.“
Мајкл Корелеоне: „Татко ми не е поразличен од кој било друг моќен човек, тој е како секој што носи одговорност за други луѓе, како сенатор или претседател.“
Кеј: „Знаеш ли колку наивно звучиш… сенаторите и претседателите не убиваат луѓе.“
Мајкл Корелеоне: „О, кој е сега наивен, Кеј?“
Том Хеген : „Г-динот Корлеоне е човек кој инсистира веднаш да ја слушне лошата вест.“
Дон Вито Корлеоне: „Сакам да видиш што тој има под ноктите.“
Дон Вито Корлеоне: „Имам сентиментална слабост кон моите деца, ги размазив, како што може да се види. Зборуваат кога треба да слушаат.“
Дон Вито Корлеоне: „Ако ми се обратеше мене, како на пријател, тогаш ова ѓубре што ја повреди твојата ќерка, многу ќе страдаше овој ден.“
Кало: „Во Сицилија, жените се поопасни и од пушка.“
Дон Вито Корлеоне: „Зборуваш за одмазда. Дали одмазда ќе ти го врати синот назад или мене моето момче?“
Мајкл Корлеоне на Карло: „Само немој да ми кажеш дека си невин, бидејќи со тоа ќе ја навредиш мојата интелигенција и многу ќе ме налутиш.“
Мајкл Корлеоне: „Многу работи ме научи татко ми овде, во оваа соба. Ме научи дека треба да ги чувате вашите пријатели во близина, но вашите непријатели уште поблиску.“
Мајкл Корлеоне: „Јас не чувствувам потреба да ги избришам сите, Том. Само моите непријатели.“
Сантино: „Зошто ти е колеџ? За да станеш глупав? Па ти си навистина глупав!“
Хајман Рот: „Не му верувам на лекар, кој едвај зборува англиски.“
Хајман Рот: „Ќе одам да дремнам. Кога ќе се разбудам, ако парите се на маса, ќе знам дека имам партнер. Ако не се, ќе знам дека немам.“
Вито Корлеоне: „Направи го ова за мене. Никогаш нема да ти го заборавам. Прашај ги пријателите во соседството за мене. Ќе ти кажат дека знам како да возвратам услуга.“
Винсент Мансини: „Дон Лукези, вие сте човек на финансиите и политиката. Овие работи не ги разбирам.“
Дон Лукези: „Се разбирате од пиштоли?“
Винсент Мансини: „Да.“
Дон Лукези: „Финансиите се пиштолот, а политиката знае кога да го повлече чкрапалото.“
Мајкл Корлеоне: „Никогаш не мразете ги вашите непријатели. Тоа влијае на вашето расудување.“
Мајкл Корлеоне: „Никогаш не дозволувајте некој да знае за што размислувате.“
Мајкл Корлеоне: „Подобро е да биде внимателен. Опасно е да се биде чесен човек.“
Дон Алтобело: „Најбогат човек е оној со најмоќни пријатели.“
Мајкл Корлеоне: „Чувствувам… станувам поумен.“
Кеј Корлеоне: „Колку пoвеќе се разболуваш, толку си поумен, така?“
Мајкл Корлеоне: „Значи, кога ќе умрам, ќе бидам ептен умен.“
Дон Алтобело: „Ја изгубив страста кон жените, сега умот ми е чист.“
Мајкл Корлеоне: „Пријателите и парите се како масло и вода.“