Нови 4 -ца осомничени добија притвор
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1-Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе решение со кое на четворица осомничени за случувањата од 27. април, оваа година, им се изрекува мерка притвор во траење од 30 дена. Според сознанија на „СУДСТВО.МК“ станува збор за лицата: Захарија Симески, Митко Пешев, Горан Ѓеоргиев и Елена Доцевска-Божиновска.
Судот определи куќен притвор за вкупно 6 лица, а меѓу нив се актерот Владо Јовановски и Борис Дамовски. Одлуката на Кривичниот совет уследи откако еден од Судите на претходна постапка, а кој постапуваше во случајот од пред три дена, донел решение со кое на сите осомничен наместо притвор, како што бараше Обвинителството за гонење на организиран кериминал и корупција, им изрекол алтернативна мерка – куќен притвор. Од Судот, засега, не се соопштуваат детали за овој случај, но затоа по судските кулоари се шпекулира дека не треба да се исклучи можноста да има промени и на други, претходно донесени одлуки