(ВИДЕО) Скандалозна снимка: Советничка го „јава“ градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ

Снимка на која се гледа како девојка во канцеларија седи на грбот на градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ се шири на социјалните мрежи.

Се тврди дека се работи за Олга Бабиќ, вработена во Градската управа кој наводно му е десна рака на градоначалникот.

„Го исправаш грбот, ја фаќаш мојата јака исто како уздите на коњот“ – објаснува Станивуковиќ додека девојката му седи на грбот.

Потоа тој и дава упатства како да го контролира коњот, со која нога и каде и како треба да удри.

Медиумите во Босна и Херцеговина ја пренесуваат снимката карактеризирајќи ја како скандалозна.

Се огласи и градоначалникот Станивуковиќ кој објасни дека снимката е направена пред три години.

Translate »