Хотел”Парк” во Будва, најдобрата понуда на Јадран

Хотел “Парк”  се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од познатата Словенска плажа во Будва.  За една минута, буквално, сте на ситниот песок . Лежалките не се задолжителни, така што можете денот да го поминете под свој чадор и на свој пешкир.  

Трошоците не се поголеми ниту во хотелот. На хотелската тераса за едно евро можете да се напиете кафе, за две евра студено Никшичко пиво, коктел за 6-7 евра.

Убедливо најисплатлива опција е да букирате сместување со полупансион. Ќе ве изненади богатата шведска маса наутро и навечер, со локални специјалитети, но и интернационална кујна. Има одличен избор дури и за вегетаријанците, но и за оние кои се љубители на месо и кајмак.

Собите се реновирани. Скромни, но со се што е потребно, вклучувајќи мини фрижидер и клима уред. Хигиената е на исклучително ниво. За жал, сите соби немаат поглед на море, така што ако тоа ви е важно, ќе морате да напоменете при букирањето.
На пет минути од хотелот почнува низата од ресторани, мегу кои и една дискотека, блиску , но сепак доволно далеку за да уживате во тишината на овој хотел, кој е изолиран со прекрасен парк.

Во околина има и неколку продавници со печиво, кое е превкусно. Хотел Парк се наога точно на половина пат меѓу Стариот Град и Бечиќи, одлична локација за вечерни прошетки, со релаксирано пешачење покрај морскиот брег. Хотелот има и свој паркинг, така што ќе заштедите на паркирање коешто во Будва насекаде се наплаќа.


Хотелот обележан со три ѕвездички, но со квалитетната услуга и одличната локација , е вистински скриен бисер во Будва кој дава многу повеќе отколку што е формално оценет. Туристите и самите го потврдуваат тоа.

За помладите и оние кои сакаат монденски плажи, во близина е и плажата Могрен, која е една од најпознатите на Црногорското приморје.

https://jac.yahoosandbox.com/1.2.0/sandbox.html

https://jac.yahoosandbox.com/1.2.0/sandbox.html
https://jac.yahoosandbox.com/1.2.0/sandbox.html
Translate »