Видео: Граѓаните ќе плаќаат парно колку што потрошиле, а не по квадратура
Граѓаните ќе плаќаат парно колку што потрошиле, а не по квадратура. Ова го предвидува новиот Закон за енергетика. Експертите објаснуваат дека со ова домаќинствата сами ќе регулираат дали сите радијатори ќе им бидат вклучени и на која температура. Но сепак недостаток на законското решение е тоа што домаќинствата сами ќе треба да ги купат уредите и дополнително ќе се оптовари семејниот буџет.
Граѓаните ќе треба сами да си платат… на секој радијатор по околу 50 евра, вели Константин Димитров МАЦЕФ
Со новиот закон ќе се дозволи домаќинствата сами да произведуваат струја и за тоа нема да им треба лиценца.
На пример ако сум произвел повеќе од 10 киловат-часови, ги пласирам во мрежата, па после мрежата барем во ноќен период нека ми врати 10 киловат- часови макар да е таа цена односно вредност на електричната енергија двојно помала, вели Димитров.
Димитров како експерт на полето на енергетиката не може да гарантира дека воведувањето на целосната либерализација на пазарот нема да доведе до поскапување на струјата. Државата може да ја регулира давачката што треба да се плати на сопственикот на мрежата и оној кој што ќе работи во неа. Но не може да се регулира цената по којшто ќе се продава струјата на слободниот пазар.