Хејли: Претседателот на САД лично ќе го сфати вашиот глас, по прашањето за Ерусалим

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли предупреди дека САД внимателно ќе следат која држава како ќе гласа на утрешното заседание на Генерално собрание на ОН по прашањето за Ерусалим.

Земјите членки на ОН утре треба да гласаат за резолуција со која се осудува одлуката на САД да го признаат Ерусалим како главен град на Израел и да ја преместат својата амбасада од Тел Авив во светиот град. Седницата на Генералното собрание е закажана откако САД во Советот за безбедност на ОН во понеделникот ставија вето на случна предлог-резолуција.

– Додека размислувате како ќе гласате, сакам да ви напомнам дека претседателот и САД лично ќе го сфатат вашиот глас. Претседателот внимателно ќе го следи гласањето и побара да обрнеме внимание на сите државите кои ќе гласаат против нас. Ќе го бележиме секој поединечен глас по ова прашање, пишува во пораката што амбасадорката Хејли ја испратила до низа држави членки на ОН.

Translate »