Фустанот што го носеше Меган Маркл се распродаде со брзина на светлината

Идната сопруга на принцот Хари , американската актерка Меган Маркл со својата убавина и стил остава впечаток. Овојпат одушеви со нејзиниот фустан кој” за час” се распродаде.

Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на традиционалниот кралски Божиќен ручек, а папараците успеаја да снимат фотографии од верниците пред Бакингамската палата.

Иако не можеа да добијат добар увид во комбинацијата на идната принцеза, модните стручњаци открија дека Меган носи преубава креација на британскиот бренд „Self Portrait“.

Фустанот со јака околу вратот, црна чипка и сукња со А крој, се распродаде со брзина на светлината.

Тоа е доказ за модното влијание на американската актерка, која наскоро ќе стане член на кралското семејство.

 

Ручек кај кралицата
 Ручек кај кралицата

 

Translate »