Среќен роденден му посакуваме на тажниот комичар Џим Кери
Џим Кери денеска полни 56 години. Познатиот aктер всушност е Kанаѓанец, а американското државјанство го добил пред десетина години. ите ги знаеме неговите улоги во “Ајс Вентура”, “Глупавиот и поглупавиот”, “Лажго” и многу други, а за “Шоуто на Труман ” го добил Златниот глобус.
Но, неговиот живот не бил лесен ни весел, напротив. Морал брзо да порасне бидејќи мајка му тешко се разболела, а тако му останал без работа. Дома биле 4 деца. Полека од средна класа потонале во сиромаштија. За да преживеат, целото семејство работело, чистејќи фабрики и фабрички машини. Смешките кои ги правел на училиште, а потоа и кога станал возрастен, му помагале да не размислува за проблемите. На 16 години го истерале училиште и тој се посветил на она што најмногу го сакал, глумењето. Се преселил во Холивуд и останатото е легенда…