Иванов:Не го потпишав Законот за употреба на јазиците бидејќи е противуставен

„На 11 јануари беше изгласан Законот за употреба на јазиците без јавна расправа и без опозицијата. Укажав дека не е добро да се отвараат веќе апсолвирани прашања. Овој закон е донесен со европско знаменце, без да постои европска директива. Македонија ќе стане единствена земја која сама си поставува услови за членство во ЕУ кои никој не ги бара. Со донесувањето на Законот за јазици, ние донесуваме неправеден и репресивен закон со кои се фаворизира албанскиот јазик. Имајќи ги предвид моите овластувања и повикувајќи се на член 75 од Уставот на Република Македонија, одлучив да не го потпишам указот за прогласување на Законот за јазици”, рече во своето обраќање претседателот Иванов.

Тој додаде дека испратил писмо до Собранието во кое има детално образложение и ги повика пратениците внимателно да ги разгледаат неговите забелешки.

Translate »