Заев и Борисов го потпишаа договорoт за добрососедство, соработка и пријателство.
Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов денес го потпишаа Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Решивме да дадеме рака, да градиме пријателства, изјави Заев на самото потпишување. Градиме сојузи, стануваме уште подобро пријатели, од кој граѓаните ќе бидат уште позадоволни. Иднината на Македонија е Европската Унија, и тоа е нашата единствена перспектива.
Потпишувањето на договорот покажува дека таму каде има политичка воља и идеја за прогрес прашањето ќе се реши. Направивме историски чекор напред, и отворивме пат за стабилност и развој за двете држави.
Овој договор е взаемен успех и придонес кон политичка стабилизација за регионот и пошироко. Се определивме да водиме политики решенија, а не проблеми. Во Бугарија видовме конструктивен партнер со исти цели. Ова наше пријателство е пример како долгогодишна кочница може да се претвори со мотор за развој. Оваа соработка ќе помогне за унапредување на патната и гасната инфракстуктура на двете земји.
Прашањето на добрососедските односи е прашање на зрелост и затоа овој договор е значајна порака до ЕУ и НАТО дека земјите имаат политички раководства кои градат мостови. Бугарија од денес е уште поголем пријател и сојузник кон евроатланските перспективи. Мојот народ има право да биде среќен“, изјави Заев по потпишување на договорот.
Создаваме подобра клима за бизнс, за културна соработка, младите да патуваат да се радуваат, тоа е пораката од овој договор, изјави г. Борисов. Кој додаде дека овој договор дава нова перспектива во односите меѓу двете земји.
Договорот е јавно достапен, и носи само позитивни работи. Тој е историски чин, на кој сите ќе се гордееме. Тој е алатка за соработка, за размена на искуства и култура, за зближување, додаде Премиерот на Р. Македонија г. Зоран Заев