Лек од мед и банана за кашлица и бронхит
Еве рецепт како да ги смирите хроничната кашлица и бронхитот. Овој домашен лек ќе ви го излечи надразнетото грло и белите дробови во најбрз можен рок. Се работи за смеса од банана и мед, која може да се дава и на деца и на возрасни. Истовремено ќе се лекувате и ќе уживате во вкусот на лекот. Со помош на ова средство ќе ви се намали болката во грлото, силната кашлица, па дури и проблемите со желудникот.
Состојки
- 400 мл зовриена вода
- две зрели банани
- две лажици мед
Подготовка
Испасирајте ја бананата во пире, ставете во тенџере и додате ја жешката зовриена вода.
Измешајте и оставете да отстои 30 минути, кога ќе се излади додадете го медот. Важно е медот да се додаде на крајот за да не ги изгуби корисните состојки
Доза
Земајте по 100 мл од оваа смеса 4 пати дневно (вкупно 400 мл на ден)
Количината е доволна за еден ден, а за следниот направете нова свежа доза.
Ќе ви олесни веќе третиот ден, проверено.