Внимавајте какво чоколадо јадете!
Дали чоколадото, освен што е пријатно за непцето, е и здраво ? Колку и да сакаме да е така, научните докази велат дека тоа нема некои нутритивни вредности. Во прилог на чоколадото најчесто се споменува дека тоа е базирано на флаваноли( хемијска материја која доаѓа од семките на какаото) , кои имаат релаксирачко дејство на крвните садови. Од друга страна, резултатите на истражувањата се контрадикторни, а тие укажуваат на следното : црното чоколадо со висок процент на какао (минимум 70%) може незначително да го спушти крвниот притисок, но тоа кратко ќе трае. Освен тоа, треба да имате предвид дека произведувачите на чоколадото во смесата најчесто ставаат многу шеќери и маснотии. Затоа ви препорачуваме внимателно да прочитате кои се состојките на пакувањето! Но, без оглед на горенаеденото, психолошкиот ефект на чоколадото е неверојатен. Едно парченце може да ви го врати расположението или да ви ја врати концентрацијата ако сте уморни. Ако се закашлувате до солзи, малку чоколадо ќе ве спаси од непријатната ситуација и ќе престанете да кашлате. Сепак , внимателно со чоколадото. Оставете го на децата, освен ако не сакате да ставите уште некое килце околу половината.