Автобус на ЈСП прегази жена
Вознемирувачки настан се случи на Бит -пазар. Автобус на ЈСП денеска по 12 часот прегази жена. Според информациите на МВР, увидот сè уште е во тек, а, идентитетот и годините на жената се непознати. Од МВР велат дека поради силата на ударот, жената починала на лице место.
„Увидот трае. Првичните информации се дека жената починала на местото на настанот. МВР работи на расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Очевидци велат дека станува збор за постара жена која не поминувала на обележан пешачки премин. Детали се најавуваат за во текот на денот.