Шероун Стоун со 17-годишниот син на “Златниот глобус”
Се појави и повторно покажа дека е безвременска убавина. Во црн секси фустан , 59 – годишната филмска дива, дојде рака под рака со својот 17- годишен син. На што се должи ваквиот изглед на Шероун Стоун , сите се запрашаа на доделувањето на филмската награда Златен глобус. Таа самата вели дека нема направено пластична операција.
“Користам креми и се депилирам, како и секоја друга жена. Одам на фитнес и сакам да вежбам. Тоа е најефикасен начин да си го одржувате телото, но и духот! Се разбира дека се хранам здраво и не претерувам со јадењето. Ете, тоа е се”, вели холивудската ѕвезда.