Изберете ја куќата од вашите соништа и ќе дознаете се за себе!

Kуќата во психологијата преставува личност – изберете една и дознајте повеќе за себе.

Одберете ја куќата на вашите соништа 

 

 

КУЌА БРОЈ 1

1.Вратата на вашиот дом  е оворена за секого! Вие сте топла и пријатна личност. Секогаш сте тука за да им помомогнете на оние на кои сте им потребни. Многу сте позитивни и сето она  што правите, го правите   со широка насмевка. Сакате да бидете столб на кој луѓето околу вас можат да се потпрат. Оние што ве познаваат, нема да бидат изненадени кога ќе ве видат како трчате да му помогнете на некој странец бидејќи тоа и се очекува од вас. На вас сите можат да  сметаат, и тоа во секој момент.  Не ви е проблем да станете и до три сабајле за да го слушате пријателот како ви плаче на телефон затоа што раскинал со љубовта на својот живот. Но, понекогаш, знаете и да претерате,  па поради другите ,  се ставате во лоша позиција. Но, тоа само покажува дека срцето ви е широко. Сепак бидете внимателни, постојат луѓе кои ќе сакаат да ја злоупотребат вашата добрина. Знаеме дека е тешко да балансирате  меѓу вашето отворено срце и претпазливоста, но токму тоа  ќе биде најголем предизвик во вашиот живот:  да научите како да одите по тенката линија за да не ве искористуваат .

 

КУЌА БРОЈ 2

2.Вие имате таен живот. Не сакате луѓето да знаат што се случува во вашиот живот. Не сакате да знаат како се чувствувате и кои се вашите планови за иднината. Вие сакате сите врати во вашиот живот да бидат затворени, пердињата на прозорците  навлечени , бидејќи само така сте сигурни дека добро сте ги сокриле трагите. Неверојатно добро ги контролирате своите емоции. Не дозволувате на другите да ја искористат вашата ранливост или вашата среќа. Затоа никој не знае како се чувствувате внатре во душата, дали сте среќни, тажни, дали имате проблеми. Најверојатно сте имале тешко детство. Сте се соочиле со големи тешкотии, можеби и и физичко или психичко малтертирање. Тоа е и причина за вашата затвореност, за ѕидовите кои сте ги издигнале околу вас и затоа не дозволувате никој да допре до вашето срце. Ова однесување не е секогаш добро. Така ги одбивате и оние кои ве сакаат и кои можеби би сакале да ви се приближат. Дозволете им на луѓето кои носат светлина во себе да ве извадат од  таа темница која ја криете во себе. Затоа, кога вашите пријатели следниот пат ќе ве запрашаат како сте , слободно одговорете им дека не ви е добро и дека имате мака, ќе видите дека ќе ви олесни. Можеби и ќе си ја отворите душата…и ќе го тргнете товарот кој со години го носите во себе.

 

КУЌА БРОЈ 3

3.Вие сте вечен ентузијаст. Го сакате животот и предизвиците. Несебично сте посветени на својата работа. Сакате да истражувате и да го  минувате слободното време во природа. Ги поместувате границите и си поставувате нови цели и  рекорди во животот. За вас животот е преубав и вие цврсто верувате дека на оваа планета секој си има своја причина за постоење. И во најтешките ситуации наоѓате светли моменти, оптимизмот го ширите на сите страни. Ги сакате животните и тие вас. Луѓето сакаат да ве имаат во своја близина токму поради таа позитивност со која зрачите.  Но, ова има и лоша страна. Огромниот оптимизам би можел да биде и ваша пропаст. Важно е да сфатите дека кога-тогаш во животот ќе бидете и поразени , но запомнете дека тоа се само фази кои си доаѓаат и си заминуваат. Во животот е потребен  и  реализам. Убаво е да се биде позитивен и да се имаат оптимистички претстави за животот, но секоја преголема занесеност и еуфорија може да не тресне убаво од земја, затоа цврсто одете по земјата.

 

КУЌА БРОЈ 4

4.Вие сте отворена книга. Се за вас и околу вас е  кристално јасно. Не се криете и немате две лица. Кај вас нема сиво, туку само црно и бело! Секогаш се претставувате такви какви што сте. На оние околу вас им останува да ве прифатат или не. Ве водат силни емоции, ако ви се вика од среќа, вие ќе викате насред улица, ако во се плаче, ќе плачете пред кој и да е , не бирајќи ни место ни време. Вие не ги потиснувате емоциите туку ги пуштате да излезат надвор. Луѓето ве сакаат бидејќи со вас знаат на што се! Нема лаги, нема фолиранции, секогаш сте искрени и отворени. Во љубовта партнерот може лесно да ве “прочита”така што тоа дополнително ја олеснува комуникацијата. Меѓутоа, тоа може да биде фрустрирачки бидејќи нема да можете да ги сокрите негативните работи , па партнерот тоа може да го искористи против вас. Важно е да научите да ги контролирате чувствата за да не ги повредувате луѓето околу вас.

 

КУЌА БРОЈ 5

5.Сте имале проблематично детство, а сеќавањата на тоа не избледуваат. Она што ве прави посебни е тоа што вие навистина знаете да учите на своите грешки. Многу сте паметни и секогаш пред  да донесете  важни одлуки, размислувате три пати. Вие знаете ситуациите да ги свртите во ваша корист. Верувате со себе и својот капацитет. Ги знаете своите потенцијали и тоа никој не може да ви го одземе. Кога ќе си поставите цел,  речиси  секогаш ја остварувате. Вие не плачете по бурното минато, туку напротив сте научиле како да го искористие искуството за ваши цели. Постојат денови кога паѓате во депресија и  тогаш можете цел ден да го поминете во кревет, но веќе следниот  ден сте на нозе, ведри и подготвени за нови победи.

 

КУЌА БРОЈ 6

6.Вие не му верувате на секого. За да му верувате на некој, ви треба време, а ако му ја подарите својата доверба , тоа трае цел живот -без оглед  дали се работи за љубов, пријателство или  деловна врска.  Дури и кога тој човек ќе ве изневери или ќе ве разочара, вие не го осудувате туку само  го пуштате да си замине од вашиот живот, а притоа за него ќе ви останат само убавите спомени. Искуствата во животот ве научиле да бидете претпазливи и полека , но сигурно,  да ги минувате  препреките. Убавите прикаски не поминуваат кај вас,  бидејќи точно знаете да ја процените личноста со која си имате работа! Никој не може да ве скрши, а од секој пораз излегувате посилни! Вие сте рационална и позитивна личност, а тоа е за пофалба.

 

КУЌА БРОЈ 7

7.Вие низ животот одите со девизата “Животот е убав и така треба да биде!” Сакате убаво да се облекувате. Гардеробата ви е важна, вие сте модерни, атрактивни и сакате да се фалите со најновите брендови што сте ги купиле. Секогаш се трудите вашиот совршен изгледа да ја дополни вашата личност. “Облеката го прави човекот”, тоа е ваше мото. На изгледот многумина ви завидуваат, а токму тоа го сакате. И вашиот дом е секогаш модерно уреден. Внимавате на детали, важни ви се материјалните работи и сакате да сте опкружени со убави и скапи предмети. Но, тоа не е секогаш добро. Морате да научите да се опуштите  малку. Почнете да медитирате . Понекогаш сте толку заслепени со себе што воопшто не забележувате што се случува околу вас. Немојте да бидете себични и посветете се на блиските. Обелката сепак не го прави човекот!

 

КУЌА БРОЈ 8

8. По природа сте голем ентузијаст. Сакате чисти и едноставни нешта. Ви се допаѓаат луѓе кои се отворени и искрени. Не ги “мирисате” оние кои си го менуваат мислењето и ставот само за да  бидат прифати од околината. Вие сте “свои” и посебни и не ви е важно дали ќе им се допаднете на другите. Едноставо, вие сте си доволни. Одличен говорник сте , знаете да се изразувате и да го ставите фокусот врз важните работи. Верувате во хармоничните односи, толерантни сте и ги орифаќате оние кои се поинакви. Сигурни сте во себе и верувате дека тоа што сте си го замислиле може да се оствари. Сепак, внимавајте! Животот ве тестира вас, а не вие него!

 

КУЌА БРОЈ 9

9. Вие сте лабилна личност и често се борите во себе. Сакате да ги заборавите лошите работи од минатото, но не сте доволно храбри да ги оставите зад себе. Се чувствувате изгубено и постојано барате одговори на исти прашања. Постојано се измачувате со тоа каков ќе ви биде следниот чекор. И така, наместо да одите напред, вие се вртите во место, а животот си минува.  Наш совет е да престанете да се вртите во маѓепсаниот круг и да се враќате на старите теми.  Се што е зад вас,  е минато и зошто пак да се навраќате на тоа. Понекогаш се губите во своите желби бидејќи ги имате премногу.  Научете да одите чекор по чекор, а притоа не  правете го тоа на прсти туку цврсто  застанете на нозе. Дури тогаш ќе станете свесни за реалноста и дека не е се така сиво. На крајот на тунелот секогаш има светло, затоа само храбро!

 

Translate »