Пабло Пикасо протеран од франковистите, животот го заврши во Франција

Ништо не е над уметноста и ништо не е поважно од сликата, тоа беше животното мото според кое живеел Пабло Пикасо. Го нарекуваат најголемиот уметник на 20 век – според други пак тој бил најголемиот сликар на сите времиња.

Роден е во 1881 година во Малага, шпанскиот град во живописната покраината Андалузија, Пикасо го поминал поголемиот дел од својот живот во Франција поради неговото политичко определување. Тој беше комунист, па приврзаниците на Франко го протераа од земјата. Но, неговите корени секогаш биле видливи, а Малага во неговиот живот беше исклучително важна за подоцнежниот развој на неговата уметност и стил.

 

На пример, во неговата родна Малага, неговиот татко како момче, прв пат го однесе на борба со бикови во арената Плаза де Торес. Овие сцени останале со него и често ги користeше во неговите дела.

Малага е еден од најстарите градови во светот. Се проценува дека е стара најмалку 2.800 години, а во градот се наоѓаат остатоците од Феникијците, Римјаните, Арапите и Христијаните кои сите низ историјата владееле со градот. Поради неверојатно богатата историја, Малажниот центар се нарекува и “Отворен музеј”.

 

Можеби затоа не е ни малку чудно дека таму е роден големиот Пикасо, кој веќе како младо момче одлучи дека сака да биде најголемиот сликар на сите времиња.

 

Работата на Пикасо често се категоризира во неколку периоди: Син период, Розов период, период под влијание на африканската уметност, аналитичкиот кубизам и периодот на синтетичкиот кубизам.

Се тврди дека неговото најпознато дело е описот на бомбардирањето на Герника во Шпанија. Герника ги претставува нехуманоста, бруталноста и безнадежноста на војната. Сликата многу години била изложена во Музејот на современа уметност во Њујорк. Пикасо не дозволувал сликата да се врати во Шпанија сè додека таму повторно не биде воспоставена демократијата. Во 1981година, сликата „Герника“ била вратена во матичната земја и, од 1992 година, таа е една од главните атракции на Мадридскиот музеј Reina Sofia.

Пикасо многу се соживеал со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и со солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој меѓу првите се огласил, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена“, која е изложена во Музејот на современата уметност.

Пикасо умрел во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера.

Translate »