Кога би се обновила Југославија би била осма земја по големина во Европа-Анализа!

На крајот на оваа година ќе се навршат  100 години од формирањето на Кралството С.Х.С. или почетокот на Југославија.

Токму на таа тема интересна анализа на YouTubе направи Јозеф Писнети . Тој се прашува: Како денес би изгледала обновената  и обединета Југославија?

Веднаш на почетокот на неговата анализа,тој  налетува  на проблем, а тоа  е Косово. Ново-старата Југославија би  била составена  од  шест или седум држави, во  зависност од тоа колку  држави  го признале  Косово, кое  некогаш  било во автономна покраина  во рамките на Србија.

Кога би се преродила  Југославија, таа би имала малку повеќе од 20 милиони луѓе, со што автоматски би била ставена во  Топ 10  најголеми земји во Европа , по бројот на жители би била на осмото место.

Тој  потсетува дека новата Југославија би имала помалку жители отколку во 1991 година, кога имаше нешто повеќе од 23 милиони жители.

Што се однесува до  етничкиот процент , Југославија би изгледала вака: во земјата би живееле  35  % Срби, 20 % Хрвати, 11  % од Албанците, 9 % Бошњаци,8 % Словенци, 6 % Македонци, 1 отсто Црногорци, а 10 проценти други .

Процентот на верските заедници во Југославија  би било следен:   43 отсто православни, 27 отсто католици, 22 проценти муслимани и осум проценти атеисти, агностици и други помали верски групи.

Бруто домашниот производ би изнесувал 191,045 милијарди долари, со што Југославија би била позиционирана на  53 -то место во  светот кога станува збор за економијата.

Армијата би броела 230.000 припадници, а пет најголеми градови би биле Белград, Загреб, Сараево, Љубљана и Скопје.

Translate »