Страотна сообраќајна несреќа во центарот на Белград-14 повредени(Видео)

Верижниот судар се случил утринава во 5.30 часот, кај зградата  “Лондон”, во  центарот на  Белград.

Се судриле  градски автобус на линија 74, камион за достава на храна и патнички автомобил, при што се повредени  14 лица.

Прво  автомобилот удрил во автобусот, који потоа удрил во семафор, а семафорот паднал  на камионoт.

Повредените се префрлени во  Ургентен центар, а кај три лица се констатирани тешки повреди . Едно лице од патничкото возило е префрлено во одделот  за реанимација.

Translate »