Почина актерот Џон Махони, ѕвезда на серијата ,,Фрејзер,,

loading...

Актерот Џон Махони, ѕвезда на серијата „Фрејзер“, почина на 77-годишна возраст. Тој починал во болница во Чикаго. Засега  не е соопштена причината за смртта.

Махони е роден во Велика Британија, а најголема слава стекна со улогата на Мартин Крејн, татко на Фрејзер Крејн во истоимената серија.

Соработниците на Махони велат дека не познавале подобар човек и толку талентиран актер.

Translate »