Кржаловски-Амнестијата и недостигот на реформи ќе влијае на претседателските избори
Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС, во дебата за претседателските избори во емисијата „360 Степени“ на Алсат зборуваше за тоа дали работата на владата ќе се одрази врз претседателските избори и одлуката на граѓаните дали и за кого ќе гласаат.
– Не е лесно да се мобилизираат и тие 720 илјади луѓе да излезат да гласаат, особено кога се само претседателски избори и ова ќе биде дополнителна демотивација, односно разочарувањето од другите работи на владата Решавањето на името и членството во НАТО е позитивата, но на другата страна нема многу. И дополнително, она што се направи за да се исполни договорот, мислам дека беше доста горка пилула за поддржувачите на владата. Како што референдумот беше горка пилула за повеќето граѓани во државата, бидејќи малцинска беше поддршката за договорот, во анкетата што ја правевме. За сите други елементи, имаше големо разочарување, ама рековме да ја голтнеме пилулава и да одиме понатаму, но за многу луѓе беше преголема цена амнестијата – рече Кржаловски.
Во однос на клиентелизмот и дали тоа би имало удел за претседателскиот кандидат на власта. Кржаловски рече дека гласачкото тело кое поради овие причини ќе реши да не излезе на гласање, тешко дека би можело да биде надополнето од клиентелистите.
– Повеќе има што се разочаруваат кога гледаат што се случува, отколку тие што имаат бенефит па заради тоа би гласале – рече Кржаловски.