Фотографка овековечи породување во болнички ходник
„Се сеќавам дека мојот сопруг ми стави крпа под главата, бидејќи беше загрижен да не ми е неудобно. Тој маж е неверојатен. Тој е најдобриот татко и најдобриот сопруг и не знам што би правела без него тој ден“ – рекла Хоган.
Мајката не стигна до породилната сала и со помош на сопругот се породи во ходникот од болница во Америка.
Моментот на породувањето го овековечи Тами Карин со фотографии кои брзо се распространија на интернет. Бебето Маквел се роди во добра здравствена состојба.
Ова е првото синче на парот кој има и пет ќеркички.
„Само што влеговме во вратата, му реков: ‘Тревис, време е. Тој е тука’. Ги спуштив панталоните бидејќи чувствував дека моето тело ја турка надвор главата на бебето. Посегнав и можев да почувствувам како неговата глава се спојува со мојата рака. Го погледнав мојот сопруг и му реков: ‘Мораш да го фатиш’. Без двоумење тој го направи токму тоа. Турнав само еднаш и моето тело го направи останатото. И тој беше таму, токму таму на подот од одделот за итна помош“ – објаснила мајката Џес Хоган.
„Ова беше моето најлудо породување, но истовремено најсовршеното. Не беше воопшто онака како што планирав, но заврши без никаква интервенција, со здраво бебе и прекрасна поддршка од луѓето покрај нас. Беше прекрасно и засекогаш ќе го сакам секој спомен од тој момент“ – додала таа.