За малку ќе го убиел поради долг, а потоа сакал да го закопа во шума
Го истепал соседот , актерот во пензија (72) речиси до смрт, а потоа го одвлекол во блиската шума за да го закопа. Ова се случило во Лесковац, Србија. Актерот Васа Спасојевиќ од силниот ќотек се онесвестил, а комшијата (50) почнал да го влече кон шумата, но бил забележан од минувач , кој веднаш пријавил во полиција. Напаѓачот е уапсен, а претепаниот актер е однесен во клиничкиот центар во Ниш, каде е опериран и се наоѓа во животна опасност. Лекарите стравуваат дека нема да преживее.Најкритични се повредите кои ги здобил во пределот на главата. Мештаните сведочат дека актерот му позајмил на соседот пари и откако овој не сакал да му ги врати, Спасојевиќ го тужел и го добил процесот. Се верува дека токму тоа е причината поради која бил брутално истепан.